свет

Ирак: Лидерот на шиитската коалиција Фетих не ги прифаќа изборните резултати

„Ние не ги прифаќаме овие изборни резултати кои се изманипулирани и измамнички, без оглед која ќе биде цената. Со сите сили ќе ги браниме правата на нашите кандидати и гласачи“

Haydar Karaalp   | 12.10.2021
Ирак: Лидерот на шиитската коалиција Фетих не ги прифаќа изборните резултати

БАГДАД (АА) - Хади ал-Амири, водачот на шиитската коалиција Фетих, позната по својата блискост со Иран, истакна дека не ги прифаќаат изборните резултати, тврдејќи дека се наместени, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Ние не ги прифаќаме овие изборни резултати кои се изманипулирани и измамнички, без оглед која ќе биде цената. Со сите сили ќе ги браниме правата на нашите кандидати и гласачи“, рече Амири.

Шиитската „Група на отпорот“, исто така, соопшти дека не ги прифаќа изборните резултати.

Според неофицијалните резултати од предвремените општи избори одржани на 10 октомври во Ирак, групата Садр, поврзана со шиитскиот водач Муктад ал Садр, освои 73 места и стана првата партија во Парламентот со 329 места.

Со 38 освоени пратенички места, партијата Такадум, која ја предводи поранешниот претседател на Парламентот, Мухамед ал Халбуси, е втора, а Државната коалиција на поранешниот премиер Нури ал Малики е на трето место со 37 пратеници.

Курдските партии испратија 61 пратеник во Собранието. Курдистанската демократска партија (КДП) освои 32 места, Патриотската унија на Курдистан (ПУК) 15, Движењето „Нова генерација“ 9, Исламската партија Курдистан 4 и Партијата на правдата 1 место.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın