свет

Ирак: Во самоубиствениот напад во Багдад загинаа 32 лица

Ирачките власти соопштија дека на плоштадот „Тајаран“ се случиле две експлозии

Haydar Karaalp   | 21.01.2021
Ирак: Во самоубиствениот напад во Багдад загинаа 32 лица

БАГДАД (АА) - Во самоубиствениот напад во центарот на ирачкиот главен град Багдад загинаа 32, додека повредени се 110 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писменото соопштение на Командата за операции во Багдад при Владата на Ирак се наведува дека одекнала експлозија во Багдад како резултат на самоубиствен напад изведен на плоштадот „Тајаран“.

Ирачките власти во текот на денот соопштија дека на истиот плоштад се случиле две експлозии. 

Во експлозијата загинаа 32 лица, додека 110 лица се повредени.

Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın