свет

Индонезија: Експлозија на вулканот Синабунг

Вулканот Синабунг по 400 години се активира во 2010 година, додека во експлозиите кои се случија во 2014 и 2016 година загинаа 23 лица

Mahmut Atanur   | 20.01.2021
Индонезија: Експлозија на вулканот Синабунг

ЏАКАРТА (АА) - Во индонезиската покраина Северна Суматра се случи експлозија на вулканот Синабунг, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Центарот за вулканологија и намалување на геолошките катастрофи, експлозијата на овој вулкан траела 3 минути и 21 секунда.

Центарот упати апел до жителите да не се приближуваат до вулканот повеќе од 3 километри, и да носат маски против пепелта.

Вулканот Синабунг по 400 години се активира во 2010 година, додека во експлозиите кои се случија во 2014 и 2016 година загинаа 23 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın