свет

Индонезија: Во земјотресот смртно настрадаа најмалку 73 лица

Челникот на Националната агенција за вонредни состојби, Радија Џати, изјави дека 27.850 лица евакуирани по земјотресот се сместени на 25 безбедни локации

Mahmut Atanur   | 17.01.2021
Индонезија: Во земјотресот смртно настрадаа најмалку 73 лица

ЏАКАРТА (АА) - Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што на 15 јануари го погоди градот Маџена, во Западен Сулавеси, Индонезија, загинаа најмалку 73 лица, јавува Агенција Анадолија (AA).

Челникот на Националната агенција за вонредни состојби, Радија Џати, изјави дека 27.850 лица евакуирани по земјотресот се сместени на 25 безбедни локации.

Џати истакна дека податоците со кои моментално располагаат покажуваат дека во земјотресот животот го изгубиле 73 лица, 64 во градот Мамуџа и девет во Маџене.

Напомена дека 253 лица, сериозно повредени во земјотресот, се лекуваат во болниците.

Џати додаде дека спасувачките операции продолжуваат.

Земјотресот, регистриран на шест километри североисточно од градот Маџена, на длабочина од десет километри, го почувствувале и жителите во подрачјето на Палу и Макасар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın