свет

Индонезискиот вулкан Мерапи еруптираше 36 пати во период од шест часа

Центарот за вулканологија и геологија соопшти дека лавата течела од вулканот 36 пати во период од шест часа, спуштајќи се до 1.500 метри надморска височина по југозападната падина на вулканот

Ali Murat Alhas   | 17.01.2021
Индонезискиот вулкан Мерапи еруптираше 36 пати во период од шест часа

ЏАКАРТА (АА) - Вулканот Мерапи на островот Јава започна да исфрла лава, а чад и пепел исфрла повисоко од 50 метри над својот кратер по ерупциите во неделата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Центарот за вулканологија и геологија соопшти дека лавата течела од вулканот 36 пати во период од шест часа, спуштајќи се до 1.500 метри надморска височина по југозападната падина на вулканот.

Властите во моментов не планираат да ги вратат жителите што беа евакуирани поради претходната активност на вулканот, предупредувајќи ги луѓето да не се приближуваат поблиску од пет километри до вулканот, кој сега е под „портокалов“ статус на тревога.

Околу 280 км источно, вчера еруптираше и вулканот Семеру, исфрлајќи пепел и чад кон небото до повеќе од 4,5 км.

Во 2010 година, во ерупцијата на лавата од вулканот Мерапи животот го изгубија 347 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın