свет

Индија: Најголемата јавна пералница на отворено во светот веќе 140 години е активна

Доби Гат била изградена кон крајот на 19 век, во колонијалниот период на Велика Британија, а денес е претворена во најголемата јавна пералница во светот

Muhammet Nazım Taşçı   | 15.05.2019
Индија: Најголемата јавна пералница на отворено во светот веќе 140 години е активна (Foto: Muhammet Nazım Taşçı/ AA)

АНКАРА (АА) - МУХАММЕТ НАЗИЛ ТАШЏИ -

Веќе околу 140 години активно работи најголемата јавна пералница на отворено во светот, Доби Гат, која се наоѓа во индискиот град Мумбај, пишува Anadolu Agency (AA).

Доби Гат била изградена кон крајот на 19 век, во колонијалниот период на Велика Британија, а денес е претворена во најголемата јавна пералница во светот.

Дхоби Гат, исто така е посетувана од туристите, а ова подрачје е познато како „Малакшми Доби Гат“ , поради тоа што се наоѓа на 100 метри од железничката станица „Малакшми“.

Исто така, над 200 семејства живеат во Доби Гат, која со години му служи на Мумбај, кој е најинтензивниот град во земјата со население од над 20 милиони жители. Овие семејства веќе со генерации работат во овие пералници.

Во оваа пералница по поволна цена се перат илјадници алишта донесени од различни подрачја на овој град. Пералницата е значајно место за заработување за семејствата што живеат и работат тука, како и за другите работници што доаѓаат однадвор. Работниците дневно заработуваат од 400 до 600 индиски рупии (од околу 5 до 7,6 евра).

- Се перат над 100.000 алишта

Околу 7.000 работници во Доби Гат, почнувајќи од раните утрински часови, секој ден во просек од 18 до 20 часа перат над 100.000 алишта.

Алиштата што ги перат, работниците ги закачуваат на јаже за да се сушат на сонце, а потоа ги пеглаат, ги ставаат во ќеси, и им ги доставуваат на своите муштерии кои живеат во различни подрачја во градот.

Бројни хотели, компании и болници со години го избираат Доби Гат за перење облека поради брзата услуга.

По иницијатива на кооперативното друштво „Доби Калјан и Аудиоџик Викас“ во 2011 година, Доби Гат влезе во Гинисовата книга на светски рекорди како место каде што најмногу луѓе истовремено со раце перат алишта во светот.

Според податоците на ова кооперативно друштво, годишниот обрт на Доби Гат изнесува 100 милиони рупии (1,3 милиони евра).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın