свет

Израел четирипати го рани фото-репортерот на АА

Фото-репортерот на АА, Али Џадала, кој ги следи мировните демонстрации на Маршот на големото враќање кои се одржуваат во источниот дел на Газа, од денот кога започнаа овие демонстрации, па досега, ранет е четирипати од страна на израелските војници

Moustafa Maged Haboosh,Ali Semerci,Said İbicioğlu   | 14.09.2019
Израел четирипати го рани фото-репортерот на АА

ГАЗА (АА) - МУСТАФА ХАББУШ -

Фото-репортерот на Anadolu Agency (АА), Али Џадала, кој ги следи мировните демонстрации на Маршот на големото враќање кои се одржуваат во источниот дел на Газа, од денот кога започнаа овие демонстрации, па досега, ранет е четирипати од страна на израелските војници.

Џадала за првпат беше ранет во десната рака на 22 март 2018 година, и како резултат на таа рана неговата рака не функционира целосно.

На 25 мај оваа година, тој беше повторно повреден на градите со солзавец фрлен од израелските војници.

Исто така, на 22 јуни 2018 година, од огнот што го отвориле израелските сили Џадала бил ранет во левата рака.

Фото-репортерот Џадала по четврти пат беше повреден на 30 август, за време на мировните демонстрации на Маршот на големото враќање во источниот дел на Газа, кога од израелските војници беше погоден со гумен куршум во пределот на главата.

Џадала (29) го раскажа моментот кога последен пат бил ранет, а тоа се случило по извесно време откако пристигнал во местото каде што на 30 август биле одржани демонстрациите.

„Извесно време откако пристигнав во местото каде што беа собрани демонстрантите, откако снимив некои фотографии, почувствував дека сум погоден во главата со цврст метал. Во тој момент не можев ништо да гледам, и паднав. Имав големи болки. Од моето чело течеше крв. Моите пријатели кои помислиле дека сум станал шехид, почнаа да ме носат, а по извесно време ја изгубив свеста“, истакна тој.

Џадала нагласи дека добил прва помош во една полска болница, а потоа со амбулантно возило бил пренесен во Медицинскиот комплекс „Шифа“ во Газа.

Иако поминаа околу две недели од последниот случај, тој вели дека има големи болки во главата и телото, и дека не може да јаде и спие доволно поради болките.

Според него, Израел ги таргетира новинарите со цел да спречи неговите кривични дела да бидат откриени од целиот свет.

Тој упати апел до меѓународните и регионалните организации да ги заштитат правата на новинарите и Израел да го прогласат виновен за прекршувањата против израелските новинари.

Шефот на владиниот прес-центар во Газа, Селамет Маруф, претходно истакна дека во нападите на Израел од март 2018 година досега загинале двајца новинари, додека 360 биле повредени, и дека Израел намерно ги таргетира новинарите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın