свет

Израел соопшти дека погодил цели во Газа

Во рамки на операцијата „Зора“, израелската војска ја погодила Газа поради опасностите предизвикани од движењето „Исламски џихад“ во Појасот Газа.

Enes Canlı   | 05.08.2022
Израел соопшти дека погодил цели во Газа

КУДС (АА) - Израелската војска соопшти дека погодила некои цели во Појасот Газа кој е под блокада, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на кабинетот на портпаролот на израелската војска, „во рамки на операцијата „Зора“, војската ја погодила Газа поради опасностите предизвикани од движењето „Исламски џихад“ во Појасот Газа“.

Во соопштението се вели дека на израелскиот фронт е прогласена „специјална состојба“.

На социјалните мрежи се споделени снимки на кои се забележува чад од погодените цели во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın