свет

Израел: Потврдени се над 700 нови случаи на заразување со Ковид-19

- Според податоците на израелското Министерство за здравство, вкупниот број на заразени во земјата се искачи на 73.231, а од последиците на вирусот починаа вкупно 541 лице.

Mahmoud Mohamed Barakat   | 03.08.2020
Израел: Потврдени се над 700 нови случаи на заразување со Ковид-19

Israel

ЕРУСАЛИМ

Во Израел денес се потврдени 713 нови случаи на заразување со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на Министерството за здравство, вкупниот број на заразени во земјата се искачи на 73.231, а од последиците на вирусот животот го загубија 541 лице.

„До сега вкупно 47.523 пациенти се оздравени и пуштени од болниците“, се додава до Министерството.

Граѓаните во Израел негодуваат поради реакцијата на Владата кон вирусот.

Во текот на изминатите недели, илјадници лица излегоа на протести, барајќи оставка од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Откако за прв пат се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, Ковид-19 се прошири во најмалку 188 земји и региони од светот. САД, Бразил, Индија и Русија во моментот се најтешко погодени земји од вирусот.

Според податоците на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, од последиците на заразеност совирусот во светот починаа речиси 690.000 лица, а потврдени се над 18 милиони случаи на заразување.

Речиси 10,7 милиони лица оздравеа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın