свет

Израел на чуварите на „Ал-Акса“ им забрани неколкумесечен влез во џамијата

Во соопштението се наведува дека шестмесечната забрана е воведена за тројца чувари и еден активист, а четиримесечна за двајца чувари

Mustafa Deveci   | 20.01.2019
Израел на чуварите на „Ал-Акса“ им забрани неколкумесечен влез во џамијата АА/Архива

Еrusalim

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската администрација на петмина чувари на „Ал-Акса“ во Источен Ерусалим (Кудс), им воведе забрана за влез во џамијата „Ал-Акса“, во временски период од 4 до 6 месеци, јавува Anadolu Agency (AA).

Одделот за односи со медиумите при Управата за вакуфи во Ерусалим соопшти дека забраната за влез во џамијата „Ал-Акса“ е воведена и за палестинскиот активист Авад Салајмех.

Во соопштението се наведува дека шестмесечната забрана е воведена за тројца чувари и еден активист, а четиримесечна за двајца чувари.

Чуварите на џамијата „Ал-Акса“, во понеделникот не му дозволија на израелски полицаец со јармулка на глава да влезе во „Кубетус-Сахра“, затворајќи му ја вратата.

Чуварите не се одзваа на повиците да ја отворат вратата и да се предадат, што предизвика тензии во „Ал-Акса“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın