свет

Израел и Грција потпишаа договор во областа на одбраната во вредност од 1,6 милијарди долари

„Овој договор за соработка е заснован на силните и долгогодишни односи помеѓу одбранбените институции на Израел и Грција“, напиша Ганц.

Mustafa Deveci   | 18.04.2021
Израел и Грција потпишаа договор во областа на одбраната во вредност од 1,6 милијарди долари

КУДС

Израел и Грција потпишаа договор во областа на одбраната во вредност од 1,65 милијарди долари, што е најголемиот договор постигнат помеѓу двете земји во одбранбениот сектор, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц.

„Овој договор за соработка е заснован на силните и долгогодишни односи помеѓу одбранбените институции на Израел и Грција“, напиша Ганц.

Во рамки на овој договор, израелската компанија од одбранбената индустрија „Елбит системс“ („Elbit Systems“) ќе формира и управува со школо за авијација за Воздухопловните сили на Грција.

Исто така, договорот вклучува различни точки, меѓу кои и продажба на 10 авиони за обука од типот „M-346“ за Грција од страна на Израел, како и одржување и поддршка за симулаторите на авионите од типот „T-6 Ефрони“ од страна на „Елбит системс“.

Договорот со времетраење од 22 години, што е одобрен од страна на Грција, е најголемиот договор постигнат досега помеѓу двете земји во областа на набавката и одбраната.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın