свет

Израел изврши воздушен напад во Сирија

Погодени се позициите на Ерусалимските бригади, поддржани од Иран, во околината на местото Акраба, во североисточниот дел на Дамаск

Ekipa   | 25.08.2019
Израел изврши воздушен напад во Сирија

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската Војска соопшти дека со воени авиони погодила позиции на одредени групи поддржани Иран, во близина на сирискиот главен град, Дамаск, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според писменото соопштение на прес-службата на израелската Војска, погодени се позициите на Ерусалимските бригади, во околината на местото Акраба, кое се наоѓа во североисточниот дел на Дамаск.

Се тврди дека последните денови се планирало од овие позиции да се вршат бројни напади со вооружени беспилотни летала од Сирија во Израел.

Од друга страна, во веста на новинската агенција САНА на Асадовиот режим, која се заснова врз изјавата на воен извор, се вели: „Нашите воздушно-одбранбени системи досега ги уништија повеќето од проектилите на непријателот Израел, без тие проектили да стигнат до нивната цел.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın