свет

Израел започна со изградба на ѕид долг 45 километри на Западниот Брег

– Израел започна со изградба на бетонски ѕид долг 45 километри и висок 9 метри на окупираниот Западен Брег

Mücahit Aydemir   | 22.06.2022
Израел започна со изградба на ѕид долг 45 километри на Западниот Брег Фото: Илустрација / АА

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израел започна со изградба на бетонски ѕид долг 45 километри и висок 9 метри на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писменото соопштение на израелското Министерство за одбрана се наведува дека „Администрацијата на граничната и контактната линија под Министерството за одбрана и Централната команда на Израелската армија започнаа изградба на заштитен ѕид во должина од 45 километри вдолж контактната линија на северот од Западниот Брег.“

Се наведува дека новиот ѕид ќе ја замени оградата која била изградена пред околу 20 години.

Еран Офир, шеф на Дирекцијата за граници на израелското Министерство за одбрана, рече: „Работата ќе трае околу една година. Секој затворен дел од ѕидот ќе го спречи влезот во Израел. Во исто време, продолжуваме да ги затвораме празнините во контактната линија.“

Израел вели дека сака да ги спречи Палестинците да се инфилтрираат во Израел од Западниот Брег.

Пред 20 години, во јуни 2002 година, Израел почна да гради ѕид на поделба, познат и како „Ѕид на срамот и апартхејдот“ на Западниот Брег што го окупира од 1967 година, под изговор дека ги спречува Палестинците да се инфилтрираат на израелска територија.

Овој чекор на Израел беше осуден од палестинските власти и Обединетите нации (ОН).

Во своите извештаи, Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања на Обединетите нации посочи дека ѕидот кој раздвојува е долг 712 километри, а 85 отсто од ѕидот се наоѓа во регионот на Западниот Брег, а не на Зелената линија со која се одредени границите во 1967 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın