свет

Израел го бомбардираше Дамаск, загинаа седум лица

Сириската опсерваторија за човекови права во Лондон (SOHR), цитирајќи локални извори, потврди дека во бомбашкиот напад загинале тројца членови на сирискиот режим, вклучувајќи двајца офицери, и четворица Иранци

Alı H. M. Abo Rezeg   | 14.02.2020
Израел го бомбардираше Дамаск, загинаа седум лица

АНКАРА (АА) - Израел синоќа го бомбардираше сирискиот главен град Дамаск, при што загинаа седум лица, вклучувајќи четворица ирански државјани, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Сириската опсерваторија за човекови права во Лондон (SOHR), цитирајќи локални извори, потврди дека во бомбашкиот напад загинале тројца членови на сирискиот режим, вклучувајќи двајца офицери, и четворица Иранци.

Се додава дека израелските проектили биле насочени кон подрачјето каде што се наоѓа Меѓународниот аеродром во Дамаск.

Сириската опсерваторија за човекови права во Лондон (SOHR), исто така, соопшти дека нападите се случиле по пристигнување на карго авионот до областа која беше цел, додавајќи дека не е јасно „дали авионот пристигнал од Иран или од друга област во рамките на сириска територија“.

Сириската официјална новинска агенција САНА синоќа објави дека воената воздушна одбрана пресретнала непријателски ракети во воздушниот простор на Дамаск.

Повикувајќи се на воен извор, САНА додаде дека синоќа во 23:45 часот по локално време Војската забележала непријателски проектили кои дошле од територијата на окупираната сириска Голанска Висорамнина, а воената воздушна одбрана веднаш ги пресретнала и соборила голем број од нив пред да стигнат до своите цели.

„Непријателските проектили доѓаат од окупираната сириска Голанска Висорамнина“, додава САНА, осврнувајќи се на израелските воени авиони.

Израелските официјални претставници сепак сè уште не презедоа официјално одговорност за нападот.

Од започнувањето на сирискиот конфликт на почетокот во 2011 година, Израел повремено гаѓа позиции во земјата разорена од војна.

Силите поддржани од Иран и милитантите на либански Хезболах се борат заедно со силите на сирискиот режим од 2012 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın