свет

Израел во Хеброн заплени мобилна училница

Израелските сили, со образложение дека нема дозвола, запленија мобилна училница што припаѓа на училиштето во градот Хеброн, во окупираниот Западен Брег

Ekipa   | 19.02.2020
Израел во Хеброн заплени мобилна училница

ХЕБРОН (АА) - Израелските сили, со образложение дека нема дозвола, запленија мобилна училница што припаѓа на училиштето во градот Хеброн, во окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Израелските војници, кои извршија рација во училиштето во селото Сусија во Хеброн, со камион со влечење запленија мобилна училница која се користела како дополнителна училница.

За време на отстранувањето на мобилната училница од регионот, дојде до кавга помеѓу израелските војници и жителите.

- Приведен еден Палестинец -

Израелските војници приведоа еден Палестинец кој реагираше на случувањата.

Израелските сили, исто така, од училишната администрација побараа да престане со работите на асфалтирање на градината.

Во селото Сусија со население од околу 450 лица, во единственото училиште настава посетуваат 90 ученици.

Се наведува дека постои опасност училиштето целосно да биде уништено од страна на израелските сили.

Израелските сили уништуваат некои палестински градби во областа Ц, што претставува 61 процент од Западниот Брег, со образложение дека „немаат дозвола“.

Во рамки на Вториот договор во Осло потпишан во 1995 година меѓу Палестина и администрацијата на Израел, Западниот Брег беше поделен на три зони - А, Б и Ц.

Според овој договор, Палестина управува со Зоната А (18 отсто од Западниот Брег), од административен и безбедносен аспект; исто така, управува со Зоната Б (21 отсто од Западниот Брег), само од административен аспект, додека Израел управува со безбедноста. Израел ја има целата управа во Зоната Ц (61 отсто од Западниот Брег), како од административен, така и од безбедносен аспект.

Израелската Влада не дозволува Палестинците да градат куќи во Зоната Ц затоа што таа е под нивна контрола.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın