свет

Израел бомбардираше позиции на Хамас во Газа

Нема информации за евентуални жртви или повредени во нападите

Gülşen Topçu   | 16.09.2020
Израел бомбардираше позиции на Хамас во Газа

ГАЗА (АА) – Израелската Војска бомбардираше 10 позиции на Хамас во Појасот Газа, кој е под израелска блокада, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на израелската Војска објавено на профилот на Твитер, 10 позиции на Хамас во Газа, меѓу кои и фабрика каде што се произведувале експлозиви и воени материјали, се нападнати со воени авиони.

Се истакнува дека нападите се извршени како одговор на ракета истрелана од Газа кон Израел.

Израелската Армија соопшти дека утрово кога биле гаѓани позициите на Хамас, од Газа кон Израел биле истрелани 13 ракети, а 8 од нив биле неутрализирани.

Очевидци изјавија дека израелските воени авиони ги погодиле позициите на бригадите „Изедин ал-Касам“, военото крило на Хамас, на северот и југот на Газа.

Не се дадени информации за евентуални жртви или повредени во нападите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın