свет

Израелски воени авиони нападнаа неколку точки во Газа

Портпаролот на Израелската армија, Авичај Адрае, соопшти дека израелските воени авиони нападнале неколку воени точки на Хамас, во северна Газа

Sümeyye Özer   | 22.08.2019
Израелски воени авиони нападнаа неколку точки во Газа

ГАЗА (АА) - Израел изврши воздушни напади на неколку воени точки на Хамас во Појасот Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на Израелската армија, Авичај Адрае, соопшти дека израелските воени авиони нападнале неколку воени точки на Хамас, во северна Газа.

Во соопштението се наведува дека нападот е извршен како одговор на ракетата исфрлена од Газа кон Израел, која паднала во близина на една населба.

Адрае, исто така, истакна дека вчеравечер од Газа кон Израел била истрелана ракета, а за возврат била нападната воена точка на Хамас.

Никој не ја презеде одговорноста за лансирањето на ракетата од Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın