свет

Израелските сили приведоа 17 Палестинци на Западниот Брег, меѓу кои и поранешен пратеник

Според информациите добиени од очевидците, додека израелските војници спроведувале рација во Рамала, Палестинците реагирале, при што настанал судир

Esat Fırat   | 21.01.2021
Израелските сили приведоа 17 Палестинци на Западниот Брег, меѓу кои и поранешен пратеник

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили приведоа 17 Палестинци на различни локации во окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според писменото соопштение на Организацијата на палестински затвореници, израелските сили во ноќните часови извршиле рации во некои места во Западниот Брег, пред сѐ во градовите Ел Халил и Рамала.

Се истакнува дека во овие рамки приведени се 17 Палестинци, меѓу кои и поранешниот пратеник Мухамед Бедр.

Според информациите добиени од очевидците, додека израелските војници спроведувале рација во Рамала, Палестинците реагирале, при што настанал судир.

Очевидците нагласија дека израелските сили врз Палестинците интервенирале со звучни бомби, солзавец и со гумени и вистински куршуми, при што е повреден Мухамед Туркман, палестински слободен новинар (фриленсер).

Израелските сили често вршат рации во куќите во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, и под различни тврдења приведуваат Палестинци.

По приведувањата кои станаа вообичаени во Западен Брег и Источен Ерусалим, Палестинците, меѓу кои жени и деца, со денови се држат во центрите за притвор.

Според официјалните палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат 4.400 Палестинци, од кои 380 се административни притвореници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın