свет

Израелските сили застрелаа Палестинец со пречки во развојот

Младиот Палестинец, за кој е утврдено дека бил невооруж, е застрелан за време на потерата

Ekipa   | 30.05.2020
Израелските сили застрелаа Палестинец со пречки во развојот

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили денес во Источен Ерусалим застрелаа Палестинец со пречки во менталниот развој, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Граничните полицајци отвориле оган врз млад човек во стариот дел на Ерусалим откако се посомневале дека има пиштол“, објави весникот „Тајмс оф Израел“ („Times of Israel“).

Полицијата соопшти дека Палестинецот носел „сомнителен предмет што личел на пиштол“ и избегал кога му било наредено да застане.

Според израелските медиуми, лицето, за кое било утврдено дека е невооружено, било застрелано за време на потерата.

Семејството на младиот Палестинец, кој беше идентификуван како Ијад Елкхалак, жител на населбата во Источен Ерусалим, Вади Јоз, наведе дека момчето било со пречки во менталниот развој.

Пукањето се случи еден ден откако израелските сили убија Палестинец на окупираниот Западен Брег, наводно, во обид да ги прегази со своето возило. Во двата настана не се повредени Израелци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın