свет

Израелските власти шести пат срушија куќа на палестинско лице со попреченост

„Израелските власти од 1999 година го прогонуваат семејството на Ебу Рејале и ова е шести пат да го срушат неговиот дом“, изјави Ебу Хумус и додаде дека Ебу Рејале ја добил својата попреченост во 2009 година

Esat Fırat   | 01.03.2021
Израелските власти шести пат срушија куќа на палестинско лице со попреченост ( Foto: Mostafa Alkharouf / Anadolu Agency )

Израелските сили утринава во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим) шести пат срушија семејна куќа на Палестинец кој е со попреченост, јавува Агенција Анадолија (АА).

Надлежните израелски служби во придружба на полицијата утринава ја срушија куќата на Хатем Ебу Рејале, а израелските сили претходно, поради наводни безбедносни причини, го блокираа целиот тој кварт.

Куќата со два стана е срушена поради израелските тврдења дека ја нема потребната дозвола, а локалниот активист Мухамед Ебу Хумус изјави дека тие тврдења се неосновани бидејќи објектот се наоѓа на подрачје што има урбанистичка и друга согласност.

„Израелските власти од 1999 година го прогонуваат семејството на Ебу Рејале и ова е шести пат да го срушат неговиот дом“, изјави Ебу Хумус и додаде дека Ебу Рејале ја добил својата попреченост во 2009 година кога бил повреден во една од тие акции за рушење на неговиот дом од страна на Израелците.

Ебу Рејале изјави дека ги поднел сите потребни барања и дека од израелските власти до вчера добивал цврсти ветувања дека нема да дојде до рушење на неговата куќа.

Израелските власти ги одбиваат барањата за издавање согласност и дозволи за објектите на палестинските семејства на окупираните територии и често ги рушат тие објекти, оставајќи ги палестинските семејства без покрив над главата.

Оштетените палестински семејства често се принудени и да ги платат трошоците за рушење на нивните сопствени објекти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın