свет

Израелската полиција го приведе гувернерот на Ерусалим

Причините за приведувањата се непознати, а израелската полиција допрва треба да се огласи во врска со нив

Aness Suheil Barghoti   | 14.10.2019
Израелската полиција го приведе гувернерот на Ерусалим

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција, во рација во раните утрински часови го приведе гувернерот на Ерусалим, Аднан Гаит, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Гувернерот е приведен при рација на неговиот дом во ерусалимската населба Силван“, се вели во соопштението на Палестинското Здружение на затвореници.

Израелските сили, исто така, во рација во неговиот дом го приведоа и Шади Мутур, генералниот секретар на движењето Фатах во Ерусалим.

Причините за приведувањата остануваат непознати, а израелската полиција допрва треба да се огласи во врска со приведувањата.

Ерусалим останува во сржта на деценискиот конфликт на Блискиот Исток, со надеж на Палестиците дека Источен Ерусалим, под окупација на Израел од 1967 година, еден ден ќе биде главен град на палестинската држава.

Според меѓународното право, Источен Ерусалим, како и целиот Западен Брег, се сметаат за окупирани територии, а градењето еврејски населби на тоа подрачје се смета за нелегално.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın