свет

Израелската полиција ги нападна верниците во џамијата „Ал Акса“

Израелската полиција, по утринската молитва во „Месџид ал Акса“ ги нападна верниците кои реагираа на апсењето на Палестинка

Ekipa   | 21.02.2020
Израелската полиција ги нападна верниците во џамијата „Ал Акса“

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција, по утринската молитва во „Месџид ал Акса“ ги нападна верниците кои реагираа на апсењето на Палестинка која послужувала слатки, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите од очевидци, израелската полиција уапсила Палестинка, која послужувала слатки на верниците во комплексот на џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс).

Верниците реагирале поради тоа што Палестинката била тепана и приведена поради послужување слатки. Израелската полиција, напаѓајќи ги верниците кои реагираа, се закани дека ќе ги приведе.

Израелската полиција околу еден месец на петочните утрински молитви спроведува рации во „Месџид ал Акса“ и ги напаѓа верниците.

По „Месџид ел Харам“ во Мека и Џамијата на пратеникот Мухамед во Медина, „Ал Акса“ е трето најважно место за муслиманите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.