свет

Земјотрес со јачина од 7,1 степен ја погоди Индонезија

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 134 километри североисточно од местото Мелонгуане, кај архипелагот Талауд

Mahmut Atanur   | 21.01.2021
Земјотрес со јачина од 7,1 степен ја погоди Индонезија

ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 7,1 степен се случи на отворени води кај архипелагот Талауд, во индонезиската покраина Северен Сулавеси, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Институтот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 134 километри североисточно од местото Мелонгуане, кај архипелагот Талауд.

Земјотресот со јачина од 7,1 степен се случил на длабочина од 154 километри.

По земјотресот не е издадено предупредување за цунами, а сè уште не се споделени информации околу тоа дали има жртви или повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın