свет

Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Индонезија

Управата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 5,7 степени бил на отворени води 14 километри југоисточно од местото Мелонгуан...

Mahmut Atanur   | 11.09.2019
Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Индонезија

ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди индонезиската покраина Северно Сулавеси, пренесува Anadolu Agency (AA).

Управата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (BMKG) соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 5,7 степени бил на отворени води 14 километри југоисточно од местото Мелонгуан на островите Талауд кои се наоѓаат во северниот дел на оваа индонезиска покраина.

Се соопштува дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Според првичните сознанија, нема жртви или повредени во земјотресот, а по него не е издадено предупредување за цунами.

Во земјотресот со јачина од 7,5 степени кој се случи на 28 септември во 2018 година на индонезискиот остров Сулавеси, и во цунамито кое се случи по овој земјотрес, смртно настрадаа 4.340 лица во различни подрачја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın