свет

Земјите членки на ЕУ загрижени од предизборните ветувања на Нетанјаху

„Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Шпанија се длабоко загрижени поради изјавата во врска со можна анексија на одредени делови на Западниот Брег, Јорданската Долина и северното крајбрежје на Мртвото Море“, се вели во соопштението

Barış Seçkin   | 13.09.2019
Земјите членки на ЕУ загрижени од предизборните ветувања на Нетанјаху

РИМ (АА) - Земјите членки на Европската Унија (ЕУ) изразија длабока загриженост поради неодамнешната изјава на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за планот со можна анексија под израелски суверенитет да ја стави Јорданската Долина, одредени делови на окупираниот Западен Брег, како и северното крајбрежје на Мртвото Море, пренесува Anadolu Agency (AA).

Петте водечки земји членки на ЕУ - Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Шпанија, објавија заедничко соопштение во врска со оваа тема.

„Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Шпанија се длабоко загрижени поради изјавата во врска со можна анексија на одредени делови на Западниот Брег, Јорданската Долина и северното крајбрежје на Мртвото Море. Доколку се реализира тоа, на сериозен начин ќе се прекрши меѓународното право“, се вели во ова соопштение.

Според соопштението, овие пет земји ќе продолжат од страните да бараат да избегнуваат чекори кои се против меѓународното право, и кои го ставаат под ризик дводржавното решение според границите од 1967 година.

„Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Шпанија го признаваат правото за безбедност на Израел, и остро ги осудуваат последните напади извршени од Газа во Израел“, се додава во соопштението на петте земји членки на ЕУ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın