свет

Зеленски: „Извештајот на „Амнести интернешнел“ не може да се толерира“

Претседателот на Украина ја критикуваше групата за човекови права поради обвинувањата дека украинските сили ги загрозиле цивилите и го прекршиле меѓународното право

Dilara Hamit   | 05.08.2022
Зеленски: „Извештајот на „Амнести интернешнел“ не може да се толерира“

АНКАРА (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски го коментира објавениот извештај на „Амнести интернешнел“ во кој се наведува дека трупите на таа земја ги загрозиле цивилите и го прекршиле меѓународното право во војната со Русија, наведувајќи дека тој извештај не може да се толерира, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Не може да постои, дури ни хипотетички, каков било услов под кој рускиот напад на Украина станува оправдан. Агресијата врз нашата држава со ништо не е предизвикана, е инвазивна и отворено терористичка“, рече Владимир Зеленски.

Тој додаде:

„Ако некој направи извештај во кој наводно жртвата и агресорот во нешто се исти, ако се анализираат некои податоци за жртвата, а се игнорира што агресорот во тоа време направил, тоа не може да се толерира.“

„Амнести интернешнел“ во извештајот наведе инциденти во 19 градови и места во кои се чинело дека украинските сили ги изложиле цивилите на опасност со воспоставување бази во станбени населби, а Зеленски тоа го изедначи со обвинување на жртвите.

Групата за човекови права соопшти дека четиримесечната истрага откри дека украинската војска поставила бази во училиштата и болниците и покренала напади од населени места, кршејќи го меѓународно хуманитарно право.

Меѓутоа, се нагласува дека тие стратегии на никој начин не ги оправдуваат неселективните напади на Русија, во кои се убиени и ранети безброј цивили.

„Секој кој ја амнестира Русија и кој вештачки создава таков информативен контекст дека некои напади на терористите се наводно оправдани или разбирливи, не може а да не сфати дека помага на терористите“, рече тој.

Нарекувајќи го извештајот „манипулативен“, рече дека неговото објавување дели „одговорност за смртта на луѓето“.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), во Украина од почетокот на војната на 24 февруари убиени се најмалку 5.237 цивили, а 7.035 се ранети, додека околу 10 милиони луѓе избегале во соседните земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.