свет

Зариф: „САД се плашат од иранскиот народ, а не од нашето оружје“

Зариф во обраќањето на пратениците на иранскиот Парламент истакна дека од доверливи извори дознал дека американската администрација планирала да ги уништи нуклеарните постројки „Фордо“ во Комо, но подоцна се откажала

Muhammet Kurşun   | 20.01.2020
Зариф: „САД се плашат од иранскиот народ, а не од нашето оружје“

ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамад Џавад Зариф, изјави дека САД се плашат од иранскот народ, а не од оружјето на таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).

Зариф во обраќањето на пратениците на иранскиот Парламент истакна дека од доверливи извори дознал дека американската администрација планирала да ги уништи нуклеарните постројки „Фордо“ во Комо, но подоцна се откажала поради загриженоста дека со тоа би можело додатно да се зголеми солидарноста меѓу иранскиот народ.

Тој потсети и на еден разговор со некогашниот американски државен секретар Џон Кери, истакнувајќи дека американскиот официјален претставник отворено му кажал дека американските сили со леснотија можат да ги уништат нуклеарните постројки „Фордо“, на што Зариф го прашал: „А што ќе биде потоа?“.

Иранскиот шеф на дипломатијата додаде дека Американците не ги уништиле овие нуклеарни постројки само поради страв од последиците.

Тој потсети дека САД годишно издвојуваат околу 2 милијарди долари за војската, а Иран 16 милијарди долари.

„Нашата земја нема да ја штити не баш така моќно воено оружје во однос на воените капацитети на САД. Она што ќе нѐ заштити се културата на нашиот народ и пожртвуваност. Она што доведе до слабоста на САД беше нашето единство, а не нашиот воен капацитет. САД се плашат од нашиот народ, а не од нашето оружје“, изјави Зариф.

Тој истакна дека Вашингтон веќе 40 години се обидува да го сруши режимот во Иран.

Тој се осврна и на Договорот за нуклеарната програма, тврдејќи дека Иран излегол како победник од таа трка, а не земјите на ЕУ.

„ЕУ мораше да ја остави настрана својата политика кон САД. Администрацијата на САД се залага ЕУ да го напушти Договорот за нуклеарна програма. САД се закануваат дека ќе ги зголемат царините за 25 отсто само за ЕУ да излезе од Договорот за нуклеарната програма“, рече Зариф.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın