свет

Заложничка криза во Германија, загина едно лице

- Во затвор во близина на германскиот град Минстер убиен е осуденик кој за заложник зел еден од вработените

Cüneyt Karadağ   | 16.10.2020
Заложничка криза во Германија, загина едно лице

БЕРЛИН 

Во затвор во близина на германскиот град Минстер убиен е осуденик кој за заложник зел еден од вработените, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Германските медиуми објавија дека утрово во затворот во Минстер, 40-годишен осуденик, заканувајќи се со жилет, за заложник зел 29-годишно лице на должност во затворот, кое во затворот е на стручна обука.

Во соопштението издадено од страна на државната полиција се вели дека затвореникот е убиен во акцијата за спасување на заложникот, кој е спасен без повреди.

Државното Министерство за правда информира дека убиениот осуденик, поради пружање отпор при спроведувањето на законот, бил осуден на 4 месеци казна затвор и на 10 ноември требало да излезе на слобода.

Засега нема никакво објаснување зошто затвореникот кој имал уште четири недели до истекувањето на затворската казна, извршил вакво дејствие.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın