свет

Жителите на ЕУ ја фаворизираат германската канцеларка наспроти францускиот претседател

Значителен број испитаници „имаат доверба Берлин да ја води ЕУ, особено за финансиските и економските прашања, како и демократијата и владеењето на правото“

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı   | 14.09.2021
Жителите на ЕУ ја фаворизираат германската канцеларка наспроти францускиот претседател

АНКАРА (АА) - Мнозинството граѓани на Европската Унија (ЕУ) ја фаворизираат германската канцеларка Ангела Меркел наспроти францускиот претседател Емануел Макрон, покажа истражувањето објавено денес спроведено од Европскиот совет за надворешни односи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во написот за истражувањето на Советот насловен „По Меркелизмот: Што очекуваат Европејците од Германија по изборите“, се базираше на анкета спроведена во 12 земји на ЕУ: Австрија, Данска, Франција, Германија, Италија, Полска, Португалија, Шпанија, Шведска, Холандија, Бугарија и Унгарија.

Спроведено помеѓу крајот на мај и почетокот на јуни 2021 година, истражувањето е спроведено на примерок од над 16.000 испитаници.

Како одговор на прашањето „доколку има избори за претседател на Европа и единствените двајца кандидати се Емануел Макрон и Ангела Меркел, за кого би гласале?“, над 40 отсто од испитаниците ја поддржаа Меркел пред Макрон.

„Фактот што Меркел е толку попопуларна од Макрон не само во Холандија и Шпанија, туку и во Португалија и Данска, покажува колку таа може да биде интегративна сила во различни делови на ЕУ“, се заклучува во написот од анкетата.

Во написот, исто така, се посочува дека значителен број испитаници „имаат доверба Берлин да ја води ЕУ, особено за финансиските и економските прашања, како и демократијата и владеењето на правото“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın