свет

ЕУ ѝ порача на Велика Британија: „Не е можно и стомакот сит и тортата цела“

„Ние сакаме договор, но тоа не значи по секоја цена“

Ömer Tuğrul Çam   | 21.10.2020
ЕУ ѝ порача на Велика Британија: „Не е можно и стомакот сит и тортата цела“

БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, рече дека по Брегзит сакаат трговски договор со Велика Британија, но дека за тоа Велика Британија треба да отстапи од своите барања, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Мишел кој присуствуваше на Генералното собрание на Европскиот парламент говореше за односите меѓу Европската Унија и Велика Британија и за договорот по Брегзит.

„Ние сакаме договор, но тоа не значи по секоја цена“, нагласи Мишел, и додаде:

„Нашите британски пријатели велат дека сакаат блиски односи. И ние го сакаме тоа. Велика Британија сака да влезе во единствениот пазар на ЕУ, но во исто време сака да се чува настрана од нашите регулативи и стандарди. Не е можно и стомакот сит и тортата цела. Велика Британија мора да ја избере иднината на својот економски модел.“

Проблематични теми во преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија се обезбедувањето фер конкуренција, решавањето на трговските спорови и риболовот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın