свет

ЕУ ќе позајми 800 милијарди евра за фондот за спас

Јоханес Хан, член на Комисијата на ЕУ одговорнa за буџетот, одржа прес-конференција на која се осврна на спасувачкиот пакет наречен „Нова генерација ЕУ“, што е подготвен за надминување на економската криза предизвикана од епидемијата

Ata Ufuk Şeker   | 14.04.2021
ЕУ ќе позајми 800 милијарди евра за фондот за спас

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) се подготвува да позајми вкупно 800 милијарди евра до 2026 година за фондот за спас подготвен за борба против економските последици од новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Јоханес Хан, член на Комисијата на ЕУ одговорнa за буџетот, одржа прес-конференција на која се осврна на спасувачкиот пакет наречен „Нова генерација ЕУ“, што е подготвен за надминување на економската криза предизвикана од епидемијата.

Посочувајќи дека Комисијата на ЕУ ќе собере до 150 милијарди евра годишно од пазарите на капитал за да ја финансира програмата за спасување, Хан рече: „Комисијата на ЕУ ќе користи разновидна стратегија за да собере околу 800 милијарди евра до 2026 година.“

Хан посочи дека ресурсите што треба да се соберат ќе бидат под поволни услови и ќе бидат пренесени на земјите членки во согласност со плановите за инвестиции и реформи што ќе ги подготват.

Посочувајќи дека земјите членки на ЕУ мора брзо да ја одобрат одлуката за зголемување на капиталот за да го активираат предметниот фонд, Хан рече дека иако 17 земји членки на ЕУ ја одобриле одлуката, Германија, Естонија, Полска, Унгарија, Австрија, Финска, Романија, Холандија, Ирска и Литванија сè уште не ја одобриле оваа одлука.

Потсетувајќи дека Германија нема да донесе одлука за фондот за спас сè додека Уставниот суд не ги оцени приговорите, Хан рече:

„Ние го почитуваме правниот процес во Германија. Веруваме дека судот навремено ќе ги оцени приговорите.“

Објаснувајќи дека позајмениот долг и каматата ќе се отплаќаат до 2058 година, почнувајќи од 2026 година, Хан рече дека работат на предлог законска регулатива со која ќе се обезбедат нови ресурси за буџетот на ЕУ и за отплата на долгот и дека ќе го објават тоа до крајот на јуни.

Во мај минатата година, Комисијата на ЕУ предложи воспоставување пакет за спасување од 750 милијарди евра за борба против економските последици од епидемијата, а по долги преговори, земјите членки на ЕУ се согласија за пакетот во декември.

За фондот, Комисијата на ЕУ ќе позајми од пазарите на капитал со гаранција на земјите членки.

Земјите членки ќе го претворат овој ресурс во инвестиција во согласност со дигиталната трансформација и климатските цели.

Комисијата ќе распредели заеми од 360 милијарди евра и грантови од 312,5 милијарди евра на земјите од ЕУ. Во рамките на пакетот, средствата ќе бидат доделени за разни други развојно ориентирани програми на ЕУ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın