свет

ЕУ: „Треба да се одбегнуваат провокативните акти во Харем-и Шериф"

„Насилството и провокацијата се неприфатливи. Треба да се бара одговорност од сторителите на сите страни“, се вели во соопштението на Кабинетот на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел

Ömer Tuğrul Çam   | 08.05.2021
ЕУ: „Треба да се одбегнуваат провокативните акти во Харем-и Шериф"

БРИСЕЛ

Европската Унија (ЕУ), во врска со случувањата во окупираниот Источен Кудс, истакна дека треба да се одбегнуваат провокативните акти во Харем-и Шериф и дека треба да се почитува статус кво ситуацијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Кабинетот на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, се потсетува дека на опасен начин ескалираат насилните настани и тензиите во окупираниот Западен Брег и особено во Источен Кудс.

Во ова соопштение се наведува дека голем број лица се повредени во настаните што синоќа се случија во Харем-и Шериф.

„Насилството и провокацијата се неприфатливи. Треба да се бара одговорност од сторителите на сите страни“, се додава во соопштението.

Според соопштението, ЕУ упатува апел до надлежните институции веднаш да се мобилизираат со цел намалување на тензиите во Кудс.

„Треба да се одбегнуваат провокативните акти во околината на Харем-и Шериф и да се почитува статус кво“ се истакнува во ова соопштение.

Во соопштението се наведува дека политичките, верските и другите лидери од сите страни треба да покажат умереност и одговорност, и да вложат секаков напор за да се смири ситуацијата.

„Исто така, вознемирувачка е и состојбата во врска со тоа што палестинските семејства во Шејх Џерах и во другите зони во Источен Кудс се отстранети од нивните домови. Ваквите акти се нелегални според меѓународното хуманитарно право, и не прават ништо друго освен поттикнување на тензиите на терен“, се истакнува во соопштението од Кабинетот на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın