свет

ЕУ со предупредување до Франција за „слободата на медиумите“

„Новинарите треба да можат слободно и безбедно да ги извршуваат своите должности, особено во услови на криза“

Ömer Tuğrul Çam   | 23.11.2020
ЕУ со предупредување до Франција за „слободата на медиумите“

БРИСЕЛ (АА) - Европската унија (ЕУ) во однос на Предлог-законот за безбедност, кој е критикуван во Франција поради тоа што може да ја загрози слободата на медиумите, истакна дека „новинарите треба да можат слободно и безбедно да ги извршуваат своите должности, особено во услови на криза“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд, одговарајќи на прашањето за Предлог-законот рече дека внимателно ги следат дискусиите.

Истакнувајќи дека еден од приоритетите на Европската комисија е безбедноста на жителите на земјите-членки, Виганд рече дека при подготвување на вакви закони треба да се воспостави рамнотежа помеѓу јавната безбедност и основните права и слободи, како што се слобода на печатот, слобода на изразување и слобода на собири.

Виганд нагласи дека ЕУ не сака да ги коментира Предлог-законите и рече дека „новинарите треба да можат слободно и безбедно да ги извршуваат своите должности, особено во услови на криза.“

Портпаролот, исто така, додаде дека ЕУ ќе испита дали најновата верзија на законот во Франција е во согласност со законите на ЕУ.

- Критикуван членот 24 од Предлог-законот -

Дваесет и четвртиотот член од Законот за безбедност во Франција е критикуван поради загрозувањето на слободата на медиумите.

Предлог-законот забранува објавување на лицето или идентитетот на безбедносните сили кои се на задача.

Меѓу другото, тој предвидува затворска казна од една година и парична казна до 45.000 евра за оние што нема да ја почитуваат забраната. Предлог-законот е критикуван со образложение дека ќе ја ограничи слободата на печатот и ќе го зголеми полициското насилство.

Исто така, со Предлог-законот безбедносните сили ќе можат кога се на должност со користење на камери да го снимаат населението и ќе можат да користат дронови за време на демонстрации.

Контроверзниот член 24, усвоен од Националното собрание, уште еднаш ќе биде доставен до Парламентот на одобрување, доколку помине низ Сенатот.

Во Франција беа отворени истраги против полицијата откако беше споделено насилството на полицијата врз демонстрантите за време на демонстрациите на Жолтите елеци и протестите против пензиските реформи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.