свет

ЕУ: „Сеќавање на геноцидот во Сребреница е наша заедничка должност“

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, објавија заедничко соопштение по повод годишнината од геноцидот во Сребреница

Şerife Çetin   | 11.07.2019
ЕУ: „Сеќавање на геноцидот во Сребреница е наша заедничка должност“

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) истакна дека нејзина заедничка должност е секогаш да се сеќава на геноцидот во Сребреница, кој го опиша како еден од најмрачните периоди во историјата на модерна Европа, пренесува Anadolu Agency (AA).

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, објавија заедничко соопштение по повод 24. годишнина од геноцидот извршен во 1995 година во Сребреница.

Во соопштението се нагласува дека сѐ уште не е заборавена трагедијата која се случи пред 24 години.

„Наша заедничка должност е секогаш да се сеќаваме на геноцидот во Сребреница, кој е еден од најмрачните периоди во историјата на модерна Европа“, се додава.

Во соопштението се нагласува дека е важно да се изгради мир и стабилна иднина за Босна и Херцеговина, како и во целиот регион.

Се вели дека сите политички лидери треба да го поттикнуваат дијалогот и почитта за членство во ЕУ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın