свет

ЕУ, САД, Велика Британија го поздравија претстојниот уставен референдум во Србија

Во заедничкото соопштение, потпишано од Германија, Франција, Италија, се повикува Косово да им дозволи на Србите да гласаат

Ekipa   | 14.01.2022
ЕУ, САД, Велика Британија го поздравија претстојниот уставен референдум во Србија

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ), Соединетите Американски Држави (САД), Велика Британија, Германија, Франција и Италија денеска го поздравија претстојниот уставен референдум во Србија, кој ќе се одржи во земјата на 16 јануари, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во заедничкото соопштение објавено од делегацијата на ЕУ, амбасадите на САД, Германија, Велика Британија, Италија и Франција, во Белград го поздравија референдумот за уставниот амандман за реформи на судството во согласност со барањата на ЕУ.

Меѓу другото, измените ќе стават крај на политичкото попречување во изборот на судии и ќе се зголеми автономијата на Јавното обвинителство.

Референдумот, според соопштението, е „клучен чекор кон зајакнување на независноста на судството и за подобрување на транспарентноста и ефективноста на институциите за владеењето на правото во земјата“, што ја поддржува интеграцијата на Србија кон ЕУ.

Страните го повикаа Косово да им дозволи на Србите кои живеат во земјата да гласаат и искажаа разочарување од одлуката на Владата да не им дозволи на претставниците на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE) да ги собираат гласачките ливчиња како што правеа во минатото.

Исто така, тие ги повикаа и Косово и Србија „да се воздржат од акција и реторики кои креваат тензии“ и ги охрабрија конструктивно да учествуваат во дијалогот со посредство на ЕУ за одржување на регионалната стабилност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.