свет

ЕУ повикува на забрзување на транзицијата кон обновливи извори на енергија

„Ако Европскиот зелен договор беше склучен пред пет години, денес немаше да бидеме во оваа ситуација бидејќи ќе бевме помалку зависни од фосилни горива и природен гас. Ќе видевме дека цените на обновливата енергија остануваат ниски и стабилни“

Ata Ufuk Şeker   | 14.09.2021
ЕУ повикува на забрзување на транзицијата кон обновливи извори на енергија

БРИСЕЛ (АА) - Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, истакна дека неодамнешното зголемување на цените на енергијата треба да ја забрза трансформацијата кон обновлива енергија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

На седницата на Генералното собрание на Европскиот парламент (ЕП), што се одржа во Стразбур, Тимерманс зборуваше за извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) во рамките на Обединетите нации (ОН) и целта на ЕУ за нулта емисија на јаглерод до 2050 година.

Посочувајќи дека климатските промени и уништувањето на животната средина станале „егзистенцијална закана“ за човештвото, Тимерманс рече дека за тоа прашање треба итно да се подготват различни решенија.

Изразувајќи дека оваа генерација е одговорна за решавање на проблемот со климатските промени, Тимерманс нагласи: „Ако не дејствуваме сега, работите ќе излезат од контрола и нашите деца никогаш нема да ни простат.“

Потсетувајќи дека извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) покажува дека ако не се преземе акција веднаш, „критичниот праг“ ќе биде надминат, Тимерманс рече дека ЕУ донела комплетен пристап кон проблемот со климатските промени.

Тимерманс истакна дека сите мерки што треба да се преземат во овој поглед ќе имаат ефект на цената и дека политиката треба да осигури дека овој ефект ќе биде подеднакво распространет во општеството.

Потсетувајќи дека од неодамна се дискутира за зголемувањето на цените во енергетскиот сектор, Тимерманс рече: „Само една петтина од зголемувањето на цените на енергијата може да се припише на цените на јаглеродот. Други причини за ова зголемување се резултат на недостаток на пазарот.“

„Ако Европскиот зелен договор беше склучен пред пет години, денес немаше да бидеме во оваа ситуација. Бидејќи ќе бевме помалку зависни од фосилни горива и природен гас. Ќе видевме дека цените на обновливата енергија остануваат ниски и стабилни“, додаде Тимерманс.

Нагласувајќи дека зголемувањето на цените во енергетскиот сектор не треба да ја забави трансформацијата, Тимерманс истакна дека транзицијата кон обновлива енергија треба да се забрза.

Од неодамна зголемена е глобалната побарувачка за природен гас, а со тоа цените на јаглеродот се зголемуваат. Од овие причини, во европските земји цените на електричната енергија рапидно се зголемуваат.​​​​​​​

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.