свет

ЕУ го одложи издавањето на „пасоши за вакцинација“

Фон дер Лајен изјави дека може да се бараат негативни ПЦР-тестови за лицата кои патуваат од земји кои не се членки на ЕУ. Таа додаде дека границите треба да останат отворени за транспорт на стока и услуги на домашниот пазар.

Erdoğan Çağatay Zontur   | 22.01.2021
ЕУ го одложи издавањето на „пасоши за вакцинација“

БРИСЕЛ

Европската Унија вчера одлучи да го одложи издавањето на сертификати за вакцинација на лицата имунизирани против Ковид-19 и донесе одлука силно да ги одврати сите непотребни патувања во Блокот, како и патувањата кон трети земји со цел да се спречи ширењето на вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Лидерите на ЕУ одржаа состанок преку видеоконференција за да разговараат за пандемијата на коронавирусот и за вакцинацијата во земјите членки.

На прес-конференција по состанокот, претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја пренесоа нивната загриженост поради ширењето на новите варијанти на коронавирусот во Европа и дека тие имаат за цел одлучно да ги одвратат незадолжителните патувања во рамките на ЕУ и меѓу ЕУ и другите земји.

Лидерите истакнаа дека имаат за цел да предложат додавање на нова категорија на картата што ќе ги прикажува ризичните зони.

Нагласувајќи дека регионите што ќе бидат прикажани во „темноцрвена боја“ ќе ги означуваат местата во ЕУ каде што вирусот се шири многу брзо, Фон дер Лајен рече дека луѓето што патуваат од овие региони можеби ќе треба да бидат тестирани пред патувањето и да бидат ставени во карантин по патувањето.

Фон дер Лајен изјави дека може да се бараат негативни ПЦР-тестови за лицата кои патуваат од земји кои не се членки на ЕУ. Истакнувајќи дека тие се против општото затворање на границите, таа додаде дека границите треба да останат отворени за транспорт на стока и услуги на домашниот пазар.

Мишел од своја страна рече дека рестриктивните мерки треба да продолжат, и во одредени случаи да бидат построги.

Во писмото до Европската комисија минатата недела, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис предложи да се издава сертификат за вакцинација против Ковид 19 во ЕУ за патувања.

Во обид да ја спаси претстојната туристичка сезона, Мицотакис предложи да се овозможи слободно движење на оние кои се веќе вакцинирани.

Иако Мицотакис ја отфрли идејата за задолжително вакцинирање или како предуслов за патување, неговиот предлог веќе ги подели лидерите на ЕУ.

Мишел, исто така, предупреди дека овие сертификати за патување треба да се воведат откако вакцината ќе ја примат поголем број луѓе. Во спротивно, владите ризикуваат создавање на големи фрустрации.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın