свет

Ерсин Татар: „Решението за Кипар мора да се заснова на суверена еднаквост“

Претседателот на ТРСК истакна дека над 50 години преговори за Кипар не резултирале со ништо, нагласувајќи дека преговорите за федерација се истрошени

Jeyhun Aliyev   | 14.01.2021
Ерсин Татар: „Решението за Кипар мора да се заснова на суверена еднаквост“

АНКАРА (АА) - Претседателот на Турска Република Северен Кипар, Ерсин Татар, изјави дека официјалниот процес на преговори за кипарското прашање може да започне само за решение засновано на суверената еднаквост, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ерсин Татар истакна дека неформалниот состанок 5 + 1 за Кипар, што треба да се одржи под покровителство на Обединетите нации (ОН), се очекува да се одржи кон крајот на февруари или почетокот на март, во зависност од текот на пандемијата на Ковид-19.

Нагласувајќи дека над 50 години преговори за Кипар не резултирале со ништо, Татар изјави дека преговорите за федерација се истрошени.

„Наш адресант на конференцијата 5 + 1 е ОН. ОН учествува на овие состаноци во рамките на мисиите за добра волја. Доколку се побараат технички информации, овие информации може да се побараат од ЕУ, но ЕУ не е страна на овие состаноци. Не треба да биде“, рече Татар.

Осврнувајќи се на прашањето за вакцинацијата против Ковид-19 од ЕУ, тој нагласи дека Турската Република Северен Кипар побарала од ОН да ги создадат потребните основи, додавајќи дека нивниот адресант е ЕУ, а не администрација на кипарските Грци.

Татар рече дека се обиделе да им овозможат технички комитети составени од и од кипарските Турци и и од кипарските Грци да работат на прашањето за вакцинација.

Тој нагласи дека во извештајот претставен до Турската Република Северен Кипар од страна на релевантниот технички комитет се нагласува дека вакцините треба да бидат доставени преку грчката администрација, и додаде дека тие нема да го прифатат тоа порачувајќи дека вакцините треба да се дадат дирекно преку ЕУ.

Кипар е поделен на два дела во 1974 година, кога кипарските Грци, извршувајќи државен удар, започнаа бран насилства врз кипарските Турци, што предизвика реакција од Анкара, која оттогаш е гарант на мирот во северниот дел на островот.

Со децении наназад имаше неколку обиди за решавање на кипарскиот спор, кои завршуваа со неуспех. Последниот состанок, одржан во 2017 година во Швајцарија со учество на земјите гаранти - Турција, Грција и Велика Британија - исто така заврши без напредок.

Турската Република Северен Кипар е основана во 1983 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.