свет

Ерменските трупи отворија оган кон азербејџанските војници кои ја чуваат границата

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека нападот е доказ дека ерменската страна намерно ја продолжува политиката на влошување на ситуацијата и врши воени провокации на државната граница во пресрет на изборите во Ерменија

Ruslan Rehimov   | 11.06.2021
Ерменските трупи отворија оган кон азербејџанските војници кои ја чуваат границата

БАКУ (АА) - Ерменските трупи синоќа отворија оган врз азербејџанските војници кои го чуваат регионот Калбаџар на границата помеѓу двете земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека нападот е доказ дека ерменската страна намерно ја продолжува политиката на влошување на ситуацијата и врши воени провокации на државната граница на двете земји во пресрет на изборите во Ерменија.

Министерството не соопшти за жртви или повредени.

„Ерменската страна сноси целосна одговорност за инцидентот“, се додава од Министерството.

Во 1991 година, Ерменската војска го окупираше Нагорно-Карабах, меѓународно признат како азербејџанска територија и седум соседни региони.

На 27 септември 2020 година, Ерменската армија започна напади врз цивилите и врз азербејџанските сили и прекрши неколку договори за хуманитарно примирје.

За време на последователниот 44-дневен конфликт, кој заврши со договорот потпишан на 10 ноември, Азербејџан ослободи неколку градови и речиси 300 помали населени места од ерменската окупација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın