свет

Ердоган: „Турција е меѓу 10 земји кои дизајнираат и градат сопствени воени бродови“

Говорејќи за одбранбената индустрија, Ердоган рече дека неговата земја во таа област од 2002 година реализираше вкупно 62 проекти на годишно ниво, а таа бројка денеска изнесува 700

Andaç Hongur,Berk Özkan   | 23.01.2021
Ердоган: „Турција е меѓу 10 земји кои дизајнираат и градат сопствени воени бродови“

ИСТАНБУЛ 

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, порача дека Турција е меѓу 10 земји во светот кои дизајнираат, градат и одржуваат сопствени воени бродови, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган ја посети Командата на турското бродоградилиште во Истанбул и говореше на церемонијата по повод лансирањето на бродот (F-515), инаку, петтиот брод што Турција го направи во рамките на првиот национален проект на изградба на воени бродови МИЛГЕМ (MILGEM).

Говорејќи за одбранбената индустрија, Ердоган рече дека неговата земја во таа област од 2002 година реализираше вкупно 62 проекти на годишно ниво, а таа бројка денеска изнесува 700.

Турскиот претседател додаде дека да се биде силен во воена, економска и дипломатска смисла за Турција е повеќе од избор, тоа е нејзина обврска.

„Турција моментално е меѓу три, четири земји од светот во областа на производството на беспилотни и вооружени беспилотни летала“, порача Ердоган и додаде:

„Нациите што во областа на одбраната не се доволно силни и независни, како и технолошки развиени, не се во можност со доверба да гледаат во својата иднина. Ние сме меѓу 10 земји кои можат да дизајнираат, да градат и да одржуваат сопствени воени бродови.“

На крајот, Ердоган напомена дека Турција, во областа на копнените и морските возила, станала земја која освен своите, ги задоволува потребите на пријателските и сојузничките земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın