свет

Ердоган: „Турција е лидер во регионот во поглед на енергијата од обновливите ресурси"

„Во последните 18 години посадивме вкупно 5,1 милијарди садници и го зголемивме шумскиот фонд од 20,8 милиони хектари на 23 милиони хектари", изјави Ердоган

Burak Bir   | 22.04.2021
Ердоган: „Турција е лидер во регионот во поглед на енергијата од обновливите ресурси"

АНКАРА

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган на Самитот за климатските промени изјави дека Турција е регионален лидер во областа на енергијата од обновливите извори, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Во последните 18 години посадивме вкупно 5,1 милијарди садници и го зголемивме шумскиот фонд од 20,8 милиони хектари на 23 милиони хектари. Исто така, со проектот нулта отпад процентот на рециклиран материјал до 2035 година ќе го подигнеме на 60 отсто", рече Ердоган во обраќањето преку видеоконференција.

Ердоган порача дека Турција очекува намалување на емисијата на стакленички плинови до 21 отсто до 2030 година.

Како што рече, Турција е една од најпогодените држави од климатските промени, иако нема, како што рече, скоро никаква одговорност за порастот на стакленичките плинови во атмосферата.

„Климатските промени не влијаат само на одредени држави кои највеќе го загадуваат светот, туку на целото човештво, почнувајќи од државите на африканскиот континент", додаде турскиот претседател.

Тој истакна дека Турција и во наредните години ќе дава значителен придонес во борбата против климатските промени.

„Ќе продолжиме да придонесуваме кон глобалните климатски акции, под еднакви услови со земјите на слично економско ниво. Важно е да се воспостави стратешка соработка на глобално ниво, посебно во областа на зелената трансформација", рече Ердоган.

Со обраќањето на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден денес почна Самитот за климатските промени во онлајн формат, чиј домаќин се САД и на кој учествуваат повеќе од 40 светски лидери.

Фокусот во текот на дводневниот самит ќе биде на намалувањето на емисијата на јаглерод во следните 10 години, промоцијата на недржавните актери кои работат на економските предности на климатските активности, посебно преку областа на вработувањето, технологијата на трансформација и глобалните климатски промени.

На самитот присуствуваат кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск и други лидери.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın