свет

Ердоган: „Турција е за тоа прашањето за Кашмир да се реши преку дијалог“

„Како што беше и досега, Турција и денес и утре, и кога било ќе биде покрај Пакистан“

Dilara Hamit   | 14.02.2020
Ердоган: „Турција е за тоа прашањето за Кашмир да се реши преку дијалог“ Фото: Erçin Top/AA

ИСЛАМАБАД (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција поддржува решавање на прашањето на Кашмир преку дијалог, во согласност со резолуциите на Обединетите нации (ОН) и очекувањата на браќата од Кашмир, јавува Агенцијата Анадолија (АА).

Тој исто така нагласи дека Турција и Пакистан имаат одлични односи, за што, како што рече, најдобро говори фактот дека за време на неговата посета на земјата потпишани се 13 договори за соработка.

„Стратешката економска рамка и текстовите на акциониот план што ги потпишавме претставуваат Мапа на патот за продлабочување на нашите економски односи“, рече Ердоган пред новинарите по состанокот на Советот за стратешка соработка на високо ниво, на кој присуствуваше и премиерот на Пакистан, Имран Кан.

Нагласи дека Турција е подготвена да го поддржи економскиот и општествениот развој на Пакистан преку соработка во областа на транспортот, енергетиката, туризмот, образованието, здравството и другите сектори.

„Како што беше и досега, Турција и денес и утре, и кога било ќе биде покрај Пакистан“, рече Ердоган.

Тој потсети дека Пакистан бил покрај Турција во тешките моменти, по земјотресот во градот Елазиг и по обидот за пуч на терористичката организација ФЕТО.

„Уште еднаш би сакал да го изразам задоволството што Пакистан вложува големи напори во рамките на борбата против тероризмот и заканите за регионалната стабилност“, додаде турскиот претседател.

Да потсетиме, пакистанскиот претседател Ариф Алви вчера организираше прием во Исламабад во чест на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој прстојуваше во посета на земјата.

Лидерите се согласија дека Пакистан и Турција мора да продолжат со блиската соработка во однос на предизвиците со кои се соочуваат муслиманите, вклучително и исламофобијата. Тие потврдија дека двете држави ќе продолжат да даваат меѓусебна поддршка по прашањата на основните национални интереси.

Тие ја истакнаа и важноста од целосно реализирање на големиот потенцијал на односите помеѓу Пакистан и Турција, и нивно претворање во силно и динамично трговско и економско партнерство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın