свет

Ердоган: „Турската поддршка на Либија спречи пад на Триполи, нови крвопролевања и овозможи примирје"

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција соопшти и дека неговата земја од утре на Либија ќе и испорача 150 илјади дози вакцини против коронавирусот

Selma Kasap   | 12.04.2021
Ердоган: „Турската поддршка на Либија спречи пад на Триполи, нови крвопролевања и овозможи примирје" ( Foto: Emin Sansar/Anadolu Agency )

АНКАРА 

Турската поддршка на Либија спречи пад на главниот град Триполи, спречи нови крвопролевања и овозможи примирје, изјави во Анкара по состанокот со либискиот премиер Абдул Хамид Дбеибех, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Поддршката која и ја пруживме на Либија во рамките на потпишаниот договор во областа на безбедноста и воената соработка спречи пад на Триполи, спречи нови масакри и овозможи примирје. Поддршката на Турција истовремено го отвори патот кон Берлинската конференција и го оживеа политичкиот процес", рече Ердоган.

Турскиот претседател истакна дека, како резултат на сите овие напори, овозможено е основање на Владата на национално единство на Либија.

„Приоритетно ни е овластувањата на Владата на национално единство да ја опфатат земјата во целина. Интеграцијата на институциите и вооружените сили и унапредување на процесите на националното единство се од исклучителна важност. Неопходно е развивање на јавните служби, за да нашите либиски браќа имаат подобар живот", додаде Ердоган и упати повик до меѓународната заедница:

„Во оваа пригода, ја повикувам меѓународната заедница на Либија да и пружи искрена поддршка за да дојде до напредок во сите наброени области и за да изборите бидат одржани во планираното време."

Ердоган најави и интензивирање на активностите со цел јакнење на економската соработка.

„Со премиерот на Либија сме согласни во врска со поинтензивни чекори кон враќање на приватниот сектор на Турција во оваа земја", рече Ердоган и додаде:

„Ќе продолжиме со напорите за Либија во која ќе владее мир, стабилност и благосостојба."

Говорејќи за договорите во врска со поморските овластувања, претседателот на Турција рече дека „договорите кои со Либија ги потпишавме во врска со поморските овластувања се гаранција за стабилноста на двете земји".

- Турција од утре на Либија и испорачува 150 илјади дози антиковид вакцини -

Претседателот Ердоган на заедничката прес-конференција соопшти и дека неговата земја од утре на Либија ќе и испорача 150 илјади дози вакцини против коронавирусот и укажа на значајот на соработката и помошта на пријателските и братските народи, кои споделуваат заедничко минато.

Турскиот претседател потсети и дека поддршката на некои земји на пучистичкиот водач на нелигитимните сили Калифа Хафтар била директно соучесништво во масакрите.

„Додека ние бевме со легитимната Влада, други продолжијасо вооружување и поддржување на Хафтар. Воените и злосторствата против човечноста, кои пучистите ги извршија, едно по едно излегуваат на виделина. За тоа сведочат масовните гробници откриени во Тархуна. Оние кои во Либија, наместо правда и легитимитет, ги поддржаа пучистите, соучесници се во крвопролевањата", рече Ердоган.

Ердоган нагласи дека приоритетна цел на Турција е зачувување на суверенитетот, целовитоста и политичкото единство на Либија, како и благосостојба на либискиот народ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın