свет

Ердоган и Меркел остварија средба во Брисел

Состанокот на двајцата лидери е организиран во рамките на Самитот на НАТО и се одржа зад затворени врати во штабот на НАТО.

Ferdi Türkten   | 14.06.2021
Ердоган и Меркел остварија средба во Брисел

БРИСЕЛ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Брисел се состана со германската канцеларка Ангела Меркел, јавува Агенција Анадолија (АА).

Состанокот на двајцата лидери е организиран во рамките на Самитот на НАТО и се одржа зад затворени врати во штабот на НАТО.

На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и министерот за национална одбрана, Хулуси Акар.

Лидерите на земјите на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) се собираат денес на Самитот што се одржува со зајакнати безбедносни мерки во седиштето на организацијата во Брисел.

Претседателите и премиерите на 30 членки на НАТО за време на Самитот ќе разговараат за низа теми и ќе одржат низа билатерални средби и тоа со почитување на мерките за борбата против пандемијата на Ковид-19.

Челниците на НАТО ќе разговараат и ќе донесат одлуки што би можеле да бидат водилка на таа организација за наредните десет години, а првенствено тоа ќе бидат теми од стратешкиот концепт на НАТО, подемите на Русија и Кина, влијанието на климатските промени врз безбедноста, киберзаканите, опасните технологии и завршувањето на мисиите во Авганистан.

Последниот самит на лидерите на НАТО е одржан во декември 2019 година во Велика Британија.​​​​​​​

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.