свет

Ердоган: „Исламофобијата се шири побрзо од коронавирусот“

„Културниот расизам, дискриминацијата и нетолеранцијата достигнаа нивоа што не може да се кријат во земјите кои долги години беа прогласувани како лулки на демократијата“, истакна Ердоган.

Gözde Bayar   | 28.11.2020
Ердоган: „Исламофобијата се шири побрзо од коронавирусот“

АНКАРА

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја осуди исламофобијата во раст во западните земји, нагласувајќи дека навредите кон верувањата на луѓето немаат никаква врска со слободата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Вие одблизу ја следевте нискоста во Франција кон божјиот пратеник (Мухамед) под етикетата на 'слобода на мислење'“, рече Ердоган во видеопорака за 23. Годишен конгрес на американско-муслиманската заедница.

„Навредите кон светите нешта на луѓето се далеку од слобода, бидејќи мислење е друго, а навреда е друго“, додаде турскиот претседател.

Ердоган истакна дека идеолошкиот фанатизам добил поголема основа и дека тие што ја охрабруваат навредата кон божјиот пратеник и тие што ги охрабруваат нападите кон џамиите се обидуваат да го скријат нивниот фашизам.

Тој подвлече дека тие лица ја користат слободата на мислење и медиумите додека ги напаѓаат светите вредности.

Според него, овие лица не може да толерираат ниту најмала критика кон нив.

Ердоган ја опиша исламофобијата како болест што се шири побрзо од коронавирусот.

„Културниот расизам, дискриминацијата и нетолеранцијата достигнаа нивоа што не може да се кријат во земјите кои долги години беа прогласувани како лулки на демократијата“, додаде Ердоган.

Турскиот претседател истакна дека исламофобијата и ксенофобијата се претвориле во тренд кој ја насочува државната политика и го отежнува секојдневниот живот, и дека маргинализацијата на муслиманите поради нивното верување, нивниот јазик, нивните имиња или облека станала вообичаена во повеќе земји.

Тој рече дека Турција се обидува да ги спречи конфликтите врз етничка и секташка основа и не се двоуми да одговори доколку некој ги има како цел нејзините свети нешта.

„Се обидуваме да следиме избалансирана, праведна и самоуверена политика што ќе даде пример за целото човештво, особено во врска со слободите на верување. Ние не интервенираме во верувањата или начинот на живеење на никого и гарантираме слобода на богослужба за сите наши граѓани што живеат во земјата“, додаде тој.

Што се однесува до турската заедница која живее во Америка, Ердоган нагласи дека со задоволство ги следи тесните братски односи што тие ги формирале со другите муслимански групи.

Турскиот претседател Ердоган истакна дека Годишниот состанок на американско-муслиманската заедница ќе ѝ даде надеж и сила на исламската заедница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.