свет

Експлозија во петрохемиска фабрика во источниот дел на Иран

Како резултат на експлозијата се скршиле прозорците на зградите кои се наоѓаат на 500 метри оддалеченост

Muhammet Kurşun   | 22.01.2021
Експлозија во петрохемиска фабрика во источниот дел на Иран

ТЕХЕРАН (АА) - Настана експлозија во петрохемиската фабрика во градот Боџнурд кој се наоѓа во иранската источна покраина Северен Хорасан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на иранската државна телевизија, настана експлозија во петрохемиската фабрика во Боџнурд.

Се истакнува дека експлозијата настанала поради технички дефект.

Како резултат на експлозијата се скршиле прозорците на зградите кои се наоѓаат на 500 метри оддалеченост.

Според соопштеното, нема жртви или повредени од експлозијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın