свет

Експлозија во два танкера за нафта во Арапското Море

Иранската државна телевизија во информацијата која ја основа на локални извори, соопшти дека се случила експлозија во два големи танкера, натоварени со сурова нафта во Арапското Море

Ahmet Dursun,Mehmet Nuri Uçar   | 13.06.2019
Експлозија во два танкера за нафта во Арапското Море

АНКАРА (АА) - Настана експлозија во два танкера за нафта во Арапското Море, пренесува Anadolu Agency (AA). 

Според веста на иранската државна телевизија, заснована на локални извори, настанала експлозија во два големи танкера, натоварени со сурова нафта во Арапското Море.

По експлозијата двата танкера побарале итна помош од земјите околу Заливот, но како што соопштува иранската телевизија, еден од танкерите почнал да тоне. 

Според веста на иранската официјална новинска агенција ИРНА, 44 лица во овие танкери биле евакуирани и пренесени на пристаништето Џаск во иранската покраина Хурмузган.

- САД ги испратија своите сили за помош на танкерите

Според веста на новинската агенција „Асошиејтед прес“ (Associated Press AP), операциите за поморска трговија при Обединетото Кралство реализирани од страна на британските поморски сили соопштија дека се истражува експлозијата која се случи во Арапското Море.

Танкерите, од кои едниот е од типот „Front Altair“, кој носел знаме на Маршалските Острови, а другиот од типот „Kokuka Courageous“, кој носел знаме на Панама, транспортирале нафта која ја зеле од пристаништето во главниот град на Обединетите Арапски ЕМирати (ОАЕ), Абу Даби. Се вели дека во експлозијата е повредено едно лице.

Петтата флота на САД која се наоѓа во Бахреин, ги испрати своите сили за помош на двата танкера за кои се претпоставува дека биле изложени на напад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın