свет

Европската Унија со Турција сака вин-вин ситуација

„Конструктивни односи меѓу Турција и ЕУ, конструктивни чекори и намалување на тензијата се во интерес на двете страни“

Ömer Tuğrul Çam   | 15.01.2021
Европската Унија со Турција сака вин-вин ситуација

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) соопшти дека има потреба од конструктивен дијалог во односите со Турција и ја изрази својата желба за вин-вин ситуација, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролите на Комисијата на ЕУ, на прес-конференција одговораа на прашањата на медиумите.

Портпаролот Питер Стано истакна дека во последниот период го кажале ставот на ЕУ за односите со Турција и дека очекуваат чекори од Турција.

„Конструктивни односи меѓу Турција и ЕУ, конструктивни чекори и намалување на тензијата се во интерес на двете страни“, рече Стано, и додаде:

„Потребен ни е конструктивен дијалог. На тој начин може да ги напредуваме нашите односи кои ќе бидат од корист на народите на ЕУ и народот на Турција. Турција и ЕУ во многу области се партнери. Ние сакаме да има вин-вин ситуација. Добро е што слушаме позитивни изјави од Турција, но во исто време значајни се фактите, дејствувањето и напорите за намалување на напнатоста и воспоставување конструктивен дијалог со членките на ЕУ.“

Стано, оценувајќи ги информациите дека ќе започнат прелиминарните разговори меѓу Турција и Грција, рече дека сакаат билатералните спорови да се решаваат со дијалог.

„Ги поздравуваме информациите за започнување на разговорите. Се надевам дека ќе имаме конструктивен дијалог со конкретни резултати“, нагласи Стано.

- „Одлука на Турција е која вакцина ќе ја користи“ -

Портпаролите на Комисија на ЕУ, исто така одговорија и на прашањето за вакцината „коронавак“, која не е одобрена од страна на ЕУ и дали турските граѓани кои ја примиле оваа вакцина во иднина ќе може да патуваат во ЕУ.

Портпаролот на Комисијата, Дана Спинант, истакна: „Одлука на Турција е која вакцина ќе ја користи за да ги заштити своите граѓани од Ковид-19. Се разбира, Турција не е обврзана да ја користи истата вакцина што ја користи ЕУ.“

Потсетувајќи дека многу земји почнуваат да ги вакцинираат своите граѓани, Спинант рече: „Во многу земји се водат дискусии на различни нивоа за документот кој ќе ја докаже вакцинацијата на граѓаните.“

Наведе дека прашањето за „пасош за вакцина“ или „сертификат за вакцинација“ е исто така на агендата на Светската здравствена организација (СЗО). „ЕУ сѐ уште не разговарала за прашањето за докажување на вакцинацијата и за нејзиното меѓусебно признавање. За ова прашање не е донесена одлука.“

- Дискусии за сертифицирање на вакцините во ЕУ -

ЕУ го брани ставот дека лицата кои примаат вакцина треба да имаат документ што ќе го докаже тоа од медицински аспект. Во рамките на ЕУ се водат дискусии на различни нивоа за тоа какви можности ќе имаат лицата кои се вакцинирани.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис предложи создавање сертификат за вакцина за патувања низ ЕУ. За да може ЕУ да го спроведе тоа потребно е да се донесат политички одлуки.

Лидерите на ЕУ ќе одржат состанок преку видеоконференција на 21 јануари за да разговараат за епидемијата на Ковид-19. Се очекува тоа прашање да биде разгледано на состанокот.

Комисијата на ЕУ позитивно гледа на „сертификат за вакцинација“, кој ќе биде заемно признаен меѓу земјите на ЕУ и ќе го олесни патувањето. Сепак, ЕУ сака, за прашањата какви можности ќе им даде сертификатот на тие лица, и какви ограничувања ќе се донесат за тие што немаат вакцини, да се дискутира почувствително.

Исто така, се нагласува дека тоа не е само политичка одлука, туку дека има и правни димензии.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.