свет

Државјанин на БиХ меѓу настраданите лица во расистичкиот напад во Германија

Во оружениот напад на два угостителски објекти во градот Ханау во Германија е убиен и државјанин на Босна и Херцеговина, се соопштува од Министерството за надворешни работи на БиХ

Vesna Besic   | 20.02.2020
Државјанин на БиХ меѓу настраданите лица во расистичкиот напад во Германија

САРАЕВО

Во оружениот напад на два угостителски објекти во градот Ханау во Германија е убиен и државјанин на Босна и Херцеговина, се соопштува од Министерството за надворешни работи на БиХ, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Со дополнителните проверки на Генералниот конзулат на Босна и Херцеговина во Франкфурт, генералниот конзул на БиХ, Луцијано Калужа, го извести МНР на БиХ дека настрадало едно лице, кое живеело во СР Германија, а со потекло од БиХ и имало државјанство на нашата земја“, се наведува од МНР на БиХ.

Министерството изразува сочувство до семејството на настраданиот државјанин на БиХ, како и до семејствата на сите други убиени во овој терористички напад.

Се извинуваат на сите поради ненамерната грешка во претходното соопштение во кое наведоа дека „едно лице кое настрада има босанско потекло, но нема државјанство на нашата земја“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın