свет

Дијаз-Канел повторно избран за претседател на Куба

На вонредната седница на Собранието во Хавана, членовите на Националното собрание на народна моќ (ANPP) го реизбраа актуелниот претседател Мигел Дијаз-Канел, за претседател до 2023 година

Muhammed Emin Canik   | 11.10.2019
Дијаз-Канел повторно избран за претседател на Куба

БУЕНОС АИРЕС (АА) - Кубанскиот лидер, Мигел Дијаз-Канел, ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател на Куба, покажуваат резултатите од гласањето во Националното собрание, јавува Anadolu Agency (AA).

Кубанскиот парламент повторно го избра Дијаз-Канел за претседател на земјата.

На вонредната седница на Собранието во Хавана, членовите на Националното собрание на народна моќ (ANPP) го реизбраа актуелниот претседател на Државниот совет на Куба и Советот на министри, Мигел Дијаз-Канел, за претседател до 2023 година.

Салвадор Валдес Меса е избран за потпретседател, а Естебан Ласо Ернандес за претседател на Националното собрание на народната моќ (ANPP) и на кубанскиот Државен совет.

Се очекува Дијаз-Канел да именува премиер во декември. Премиерот што ќе биде именуван, ќе биде првиот премиер на Куба по Фидел Кастро.

Уставните измени во Куба беа направени во 1976 година, под раководство на Фидел Кастро, а функцијата претседател беше сменета во позицијата претседател на Државниот совет на Куба и на Советот на министри.

Со новиот уставен амандман, одобрен на почетокот на април оваа година, прв пат по 43 години се бира претседател на државата.

Минатиот април, Раул Кастро му ја предаде претседателската функција на Дијаз-Канел, така за прв пат по скоро шест децении со Куба управуваше некој што не е од семејството Кастро. Сепак, Раул Кастро остана лидер на Комунистичката партија, која ги надгледува политичките и општествените активности во земјата.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın